Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најдобриот стрелец на сите времиња на репрезентацијата на Англија денеска објави дека се повлекува од националниот тим и со тоа става крај на репрезентативната кариера.
Вејн Руни преку англиските медиуми објави дека става крај на својата богата репрезентативна кариера. Тој се пензионира од репрезентацијата како најдобар стрелец на сите времиња и како втор на листата на играчи со најмногу настапи за Англија.
Во 119 настапи за репрезентацијата тој ја погоди мрежата 53 пати, што е завидна бројка на голови. Сепак, највеќе ќе жали за тоа што не успеа да освои ниту еден трофеј со репрезентацијата а играше во неколку добри генерации на англичаните.
Вејн Руни летово по долги години го напушти тимот на Манчестер Јунајтед и се врати во својот матичен клуб Евертон, каде во првите две кола постигна и два гола.