(Видео) Бекам овој видео клип му го посвети на Ибрахимовиќ


    ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


    Поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Англија, Дејвид Бекам сними порака за Златан Ибрахимовиќ

    Шведскиот напаѓач беше присутен на доделувањето на наградите за најдобар фудбалер на Шведска, која тој ја освои по десетти пат по ред.

    За време на церемонијата, со видео порака на Златан му се обрати и неговиот поранешен соиграч од ПСЖ, Дејвид Бекам.

    „Здраво Златан. Сакам да ти честитам. Ти си голем човек и одличен играч, имав привилегија да играм со тебе. За мене Златан е фудбалер кој секогаш сака да победи, тоа го видов во ПСЖ. Сакаше да победи и во француската лига, но и на тренингот. За мене тој е победник. Неговата љубов кон играта не се промени, тој се уште е еден од најдобрите фудбалери кои некогаш играле, и затоа сум среќен што игра за мојот клуб Манчестер. Ти благодарам Златан што си еден од моите блиски пријатели и што многу ми помогна во Париз“, вели, меѓу другото, Бекам.