Скопје троши вода како да има 1 милион жители! Каде е проблемот? ↓↓↓
Роберт Левандовски, по кој знае кој пат, беше херој на својата репрезентација која синоќа како гостин ја порази Романија со 3:0.
Одличниот напаѓач постигна два гола, но за малку недостасуваше да доживее сериозна повреда и тоа благодарение на еден навивач на домашната екипа.
Незадоволни од резултатот, Романците на почетокот од второто полувреме започнаа со палење на пиротехнички материјали, а на теренот беше фрлена и една петарда која експлодира во непосредна близина на одличниот фудбалер.
Левандовски по експлозијата лежеше на тревата, а помош му се укажуваше неколку минути. За среќа, подоцна стана и до крајот на натпреварот ги потопи Романците постигнувајќи два гола.