Видео: Марко Симоновски продолжува да тресе мрежи во Финска


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот интернационалец Марко Симоновски продолжува да игра во фантастична форма во дресот на Лахти од Финска.

Поранешниот член на Вардар и Металург постигна хет-трик за својот тим за само едно полувреме во големата победа на Лахти на гостувањето кај Интер Турку.

Симоновски го отвори резултатот во 8. минута од натпреварот, а потоа ја погоди мрежата на домашниот тим и во 33. минута и 43. минута.

Ова дефинитивно е најдобра сезона во кариерата на Симоновски кој по неуспешните настапи во клубовите во Казакстан сега игра во животна форма во редовите на Лахти.  Напаѓачот зад своето име има 12 постигнати погодоци во најсилната лига во Финска, а исто така има запишано и три асистенции.