ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
За неколку недели ќе биде церемонијата за доделувањето на Златната топка на која, меѓу другото, ќе биде доделена и наградата Пушкаш за најдобар гол во оваа година.
Минатата година наградата ја доби бразилскиот фудбалер од третата лига Вила Нове, Вендер Лир. Бразилецот тогаш во трката за Пушкаш го победи Меси. До доделувањето на оваа награда останаа уште неколку недели, а познати се имињата на десетте играчи кои ќе се натрпеваруваат за најдобриот гол на годината.
На листата се наоѓаат: Марио Гаспар, Хломпо Кекан, Марлон, Лионел Меси, Нејмар, Саул Нигез, Хал Робсон-Кану, Даниуск Родригез, Симон Скраб, Мод Фаиз Субри.
За овие кандидати може да се гласа до 2. декември кога во изборот ќе влезат само тројца играчи. Победникот во конкуренцијата за најдобар гол во 2015. година ќе биде прогласен на 9. јануари, на доделувањето на Златната топка во Цирих, Швајцарија.