(Видео) Роналдо: Заборавете ги сите трофеи во ЛШ – поради ова плачев !


    ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


    Кристијано Роналдо по неколкуте освоени клупски трофеи ова лето го подигна, како капитен на репрезентацијата на Португалија трофејот за Европски шампион.

    Пет месеци подоцна на интернет се појави снимка од соблекувалната и говор на фудбалерот на Реал Мадрид по финалниот натпревар против домаќинот на ЕУРО 2016, репрезентацијата на Франција, каде што Португалија со голот на Едер славеше со 1:0 и постигна историски успех.

    Португалецот, кој поради повреда не успеа до крај да го одигра финалето, во емотивно видео со солзи во очите им се заблагодари на стручниот штаб, играчите, а особено на селекторот Фернандо Сантос.

    „Би сакал да му се заблагодарам на овој човек тука“, започна Роналдо зборувајќи за селекторот, Фернандо Сантос.

    „За него прво, бидејќи без него ништо од ова немаше да биде можно. Потоа и за сите играчи и за стручниот штаб, сите кои беа вклучени во овој поход. Никој не веруваше во Португалија, но ние успеаавме. Сите ние, успеавме. Многу сум среќен, ова е еден од моите најсреќни денови во мојот живот. Заборавете ги сите индивидуални награди, Лигата на Шампионите, ова овде, ова е најсреќниот момент во мојот живот. Веќе плачев три или четири пати, брат ми мораше да ме смирува. Му реков: Уго, не е возможно. Вистина е, од дното на моето срце ви кажувам, ви се колнам во животот на мојот син, многу, многу, многу сум среќен. Можам тоа да го повторам сто пати, толку сум среќен. Ова е трофејот кој ми недостасуваше. Ви благодарам на сите. Играчите, стручниот штаб и повторно тебе, шефе. Вербата која ти ја имаше, искрено, ме допре. Го заслуживме ова, влеговме во историјата на Португалија. Ние сме првиот тим кој успеал во тоа“, изјави емотивно фудбалерот на „кралевите“.