Видео: Солзите на Марин Чилиќ го обиколија светот !


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


 

Финалето на Вимблдон заврши со голема победа од 3-0 во сетови на Роџер Федерер над Марин Чилиќ, но јунакот на денешниот натпревар беше хрватот кој два ипол сета играше повреден.

„Никогаш во кариерата не сум се откажал, не сакав ниту денеска. Многу ми беше тешко да играм, но пробав, давав се од себе, не успеав и навистина ми е жал.“ низ солзи рече Марин.

Федерер уште од почетокот беше подобар, поагресивен и сигурен, додека Чилиќ премногу грешеше, но сепак којзнае како натпреварот ќе се одвиваше ако Марин Чилиќ не се здобиеше со повреда.

На 3-0 во вториот сет хравтот се повреди и плачеше како мало дете, но не сакаше да го предаде мечот стегна заби и играше до крај, иако натпреварот потоа беше едносмерна улица, аплаузите на крајот ги собра  хрватскиот тенисер.