(Видео) Фалкао со еден потег ја поддигна публиката на нозе


    Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Репрезентацијата на Колумбија синоќа на свој терен одигра натпревар без голови против Чиле.

    Натпреварот најмногу ќе биде запаметен по враќање на препородениот Радамел Фалкао во репрезентативниот дрес, а напаѓачот на Монако шанса за игра доби во 46. минута.

    Иако не успеа да постигне гол, Фалкао со еден потег успеа да ја поддигне публиката на нозе на „Баранкила“.

    Фалкао дефанзивецот на Чиле го измами со едноставен дриблинг, а публиката знаеше како да го награди својот идол.