До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Патрик Виера истакна дека е подготвен доколку добие повик од Арсенал, но посочи дека засега такво нешто не е случено.
Виера во моментов е тренер на Њујорк Сити и според многумина го има потребниот „сенс“ за да биде голем менаџер во иднина.
Во интервју за Гол, Французинот изјави: „Доколку прашањето е дали сум подготвен, да, подготвен сум“– коментираше Виера.
Потоа беше запрашан дали од Арсенал оствариле контакт со него, на што тој одговори: „Искрено и сериозно, не.“















