Виктор Валдес оди во пензија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Некогашниот голман на Барселона и репрезентативец на Шпанија, Виктор Валдес ја заврши кариерата и во иднина ќе работи како спортски новинар.

35 годишниот чувар на мрежата последните години имаше доста проблеми со повредите па затоа  и покрај неколку понуди се реши да ги обеси ракавиците на клин.

Валдес цели 12 години помина во редовите на Барселона каде оствари неверојатни резултати- три пати ја освојуваше Лигата на Шампионите, шест пати беше првак на Шпанија, додека по два пати го освојуваше Европскиот Супер Куп и Светското клупско првенство.

По Барселона, Валдес имаше кратка авантура во редовите на Манчестер Јунајтед, потоа една сезона помина во Стандард Лиеж, за последен негов клуб да биде англискиот Миделсбро.

За услугите на Шпанецот сериозно беше заинтересиран тимот на Спортинг Лисабон, но Валдес отсега ќе го гледаме на малите екрани со микрофон во рака, како стручен аналитичар за некоја од спортските новинарски агенции.