Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерот на Челси, бразилскиот репрезентативец Вилијан се огласи околу неговото останување во таборот на клубот од Лондон.
Крилниот фудбалер кој има само уште една година од договорот со „сините“ истакна дека сака да остане во клубот во кој дојде пред околу шест години од Анжи Махачкала.
„Не знам дали сакаат да останам, но секако јас сакам да продолжам тука. Овој клуб е многу специјален за мене. Сум освоил значајни титули, фановите и луѓето со кои работам многу ме ценат. Се чувствувам комотно за да останам. Среќен сум кога играм и кога постигнувам голови“ –заклучи Вилијан.