Вилјареал го отпушти тренерот и веднаш назначи негов наследник


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Хавиер Каеља беше отпуштен од редовите на Вилјареал откако победи само три натпревари во Ла Лига оваа сезона.

Вилјареал забележа пораз на домашен терен од Селта Виго со 3:2 овој викенд и тоа ја прели чашата, па раководството на „жолтата подморница“ му врачи отказ на Каеља.

За негов привремен наследник, барем до крајот на оваа сезона  беше назначен Луис Гарсија Плаза кој потпиша договор токму до крајот на сезоната. Ова е второ враќање на Луис Гарсија во Вилјареал откако во сезоната 2005/06 го водеше тимот на Вилјареал Б.