Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јувентус синоќа на „Месталја“ успеа да ја победи Валенсија со 0-2 во првото коло од групната фаза во Лигата на шампиони, а во центар на внимание беше црвениот картон на Кристијано Роналдо.
„Бјанконерите“ имаа тешка задача по исклучувањето на Португалецот, кој се разочара по одлуката на Феликс Брих, па со солзи на очите замина од теренот.
Бурно беше и на полувремето, каде што потпретседателот на Јувентус, Павел Недвед наводно вербално го нападнал Брих.
„Марка“ пишува дека Недвед бил лут и на помошниците, кои го игнорирале и си заминале во соблекувалната.