Вистинска машина: Роналдо урна нов рекорд во Серија А (ВИДЕО)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Освен тоа што го постигна најбрзиот гол во дресот на „Старата дама“, Кристијано Роналдо го премина и Руи Барош од сезоната 1988/89.

Роналдо запиша уште еден рекорд во својата импресивна кариерата, откако стана најефикасен Португалец во историјата на Серија А во една сезона.

Со 14 голови го премина Барош, кој имаше постигнато 12 голови. Роналдо беше стрелец во втората минута, како и во 65. минута за конечни 2-1 и триумф на Јувентус.