Вистински малер: Потпиша договор од соништата, а потоа го повикаа во војска!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Бенџамин Дејвис кој има само 17 години неодамна потпиша договор со Фулам на две години, но ќе мора да се врати во Сингапур за да служи војска.

Државните службеници соопштија дека е одбиена молбата за одложување на служење на војска бидејќи играчот не ги исполнил условите.

Ова значи дека Дејвис ќе мора да заборави на фудбал во наредните две години бидејќи веднаш штом наполни 18 години, ќе мора да замине на служење воен рок.