„Виша сила“ го врзува Марсијал за клупата?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Се шпекулира дека Французинот малку игра во оваа сезона не поради фудбалски, туку од некоја друга причина.

За што се работи?

При трансферот во Манчестер Јунајтед, управата на Ѓаволите постигна договор со Монако за бонусите кои се однесуваат до бројот на головите на Марсијал.

Договорено е ако во одреден временски период францускиот напаѓач постигне 25 голови во сите натпреварувања на “Кнежевците“ следува 10 милиони евра.

Антони Марсијал во дебитанската сезона постигна 17 голови, а во тековната само шест, но игра доста помалку отколку порано.

Се шушка дека поради тоа „исчури времето“ за договорениот бонус.

Инаку, Монако од Јунајтед во летото 2015 година доби 36 милиони фунти, а доколку исполни одредени услови во договорот може да стигне до сума од 58 милиони фунти.