Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Екипата на Виљареал го отпушти тренерот. Луис Гарсија повеќе не е тренер на шпанскиот прволигаш.
Овој тренер бележеше лоши резултати на клупата на „Жолтата подморница“, моментално овој клуб е претпоследен на табелата и се наоѓа во зоната на испаѓање.
Тоа ги наведе челниците на Виљареал да реагираат и да го отпуштат и вториот тренер од почетокот на сезоната.
Денес од 16 часот е закажана конференција на која ќе биде соопштено дека Гарсија си заминува.
Но, и натаму не е познато кој би можел да ја презе од него тренерската позција во Виљареал.