Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Маверик Вињалес успеа да стигне до првата позиција на третиот слободен тренинг.
Поради условите на стазата после 15 минути тренинг, Марк Маркез беше на првата позиција сметајќи ги времињата од првите два тренинзи. Никој од водечките возачи во тие моменти не можеа да го поправат своето време. Алекс Ринс беше првиот возач кој падна, а после падот мораше да оди во медицински центар, а Алеиш Еспаргаро беше вториот возач кој излета надвор од патеката. Шпанецот без поголеми проблеми го дигна моторот и се врати на патеката. Седум минути подоцна неговиот тимски колега, Сем Ловс падна, но британецот не успеа да го дигне моторот и мораше да се врати во гаражата по вториот мотор.
После второто излегување на патеката никој не можеше да го поправи своето време. Возачите возеа кругови преку две секунди повеќе од вчерашниот ден. Дваесет минути пред крајот Марк Маркез направи грешка и излета од стазата. Актуелниот МОТО ГП шампион не успеа да го дигне моторот, па со трчање се врати во боксот. Во следните две минути надвор од патеката излетаа Андреа Јаноне и Алеиш Еспаргаро и тоа по втор пат. И едниот и другиот возач не ги дигнаа моторотие, па мораа во боксот по резервниот мотор.
Шест минути пред крајот Марк Маркез повторно падна. Шпанецот успеа да го дигне моторот и да се врати во гаражата. Во тие моменти беше кажано дека за Алекс Ринс заврши тркачкиот викенд поради фрактурата на зглобот. Кал Крачло во последните пет минути успеа да го поправи своето време и да се најде на четвртата позиција пред Валентино Роси, Маверик Вињалес исто така го поправи своето време и стигна до втората позиција, а Лоренцо во тие моменти падна. Во својот последен брз круг Вињалес постави најбрзо време, а Дани Педроса заврши трет.
Директен пласман во квалификациската сесија изборија Маверик Вињалес, Марк Маркез, Дани Педроса, Жоан Зарко, Кал Крачло, Валентино Роси, Андреа Довициозо, Скот Рединг, Јонас Фолгер и Андреа Јаноне.
1. Маверик Вињалес – Јамаха
2. Дани Педроса – Репсол Хонда
3. Кал Крачло – ЛЦР Хонда
4. Марк Маркез – Репсол Хонда
5. Скот Рединг – ОКТО Прамак
6. Џек Милер – Марк ВДС
7. Жоан Зарко – Монстер Тех 3
8. Лорис Баз – Авинтија
9. Тито Рабат – Марк ВДС
10. Данило Петручи – ОКТО Прамак
11. Андреа Довициозо – Дукати
12. Хорхе Лоренцо – Дукати
13. Јонас Фолгер – Монстер Тех 3
14. Хектор Барбера – Авинтија
15. Валентино Роси – Јамаха
16. Алеиш Еспаргаро – Априлија
17. Бредли Смит – Ред Бул КТМ
18. Алваро Баутиста – Пул и Беар Аспар
19. Пол Еспаргаро – Ред Бул КТМ
20. Карел Абрахам – Пул и Беар Аспар
21. Сем Ловс – Априлија
22. Андреа Јаноне – Сузуки
Алекс Ринс – Сузуки – не го заврши тренингот