Вињалес убедлив на првиот тренинг во Остин


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Маверик Вињалес беше убедлив после првиот слободен тренинг, а Маркез заврши веднаш зад него.

Прво време постави Лорис Баз. Возачите од круг во круг поставуваа се подобри времиња, а после првите десет минути Маверик Вињалес беше најбрз. Дани Педроса имаше второ време пред Крачло и Маркез, а Валентино Роси имаше осмо време. Првиот возач кој имаше време под 2 минути и 5 секунди беше Марк Маркез. Неговиот тимски колега, Дани Педроса во тие моменти стигна до втората позиција пред Вињалес. Крачло кој имаше четврто време направи грешка во кривината број 6 поради која се најде надвор од патеката. После првите 15 минути поголем дел од мотоциклистите се вратија во своите гаражи, а редоследот на првите 10 беше: Маркез, Педроса, Вињалес, Крачло, Фолгер, Довицизо, Зарко, Рединг, Роси и Баз.

После второто излегување на патеката, Зарко прв го поправи времето и од седмата позиција стигна до третата. Маверик Вињалес го поправи своето време после својот прв круг и стигна до првата позиција пред Маркез. Во следниот круг шпанецот го поправи своето време и извози одличен круг. Валентино Роси во тие моменти падна на 12-та позиција, но после неколку круга се врати на деветата позиција. Хорхе Лоренцо продолжи да се мачи со своето Дукати, па се наоѓаше на 15-та позиција.

Во последните пет минути, Жоан Зарко успеа да извози круг под 2 минути и 5 секунди, а тоа му донесе трета позиција и заедно со Маркез стана единствениот возач кој беше во една секунда со Маверик Вињалес. Во следниот круг Андреа Довициозо стигна до третата позиција. Валентино Роси го поправи своето време по кое се најде на шестата позиција. Лоренцо исто така го поправи своето време и стигна до петата позиција. Во своојот последен брз круг Роси го поправи времето кое му донесе седма позиција. Алваро Баутиста во својот последен брз круг успеа да стигна до петата позиција.

Маверик Вињалес беше убедлив после првиот слободен тренинг. Марк Маркез заврши на втората позиција, а зад него Довициозо и Зарко. Баутиста заврши пети пред Лоренцо и Педроса, а Валентино Роси првиот тренинг на позицијата број 8. Алеиш Еспаргаро заврши девети, а на десетата Данило Петручи. Кал Крачло кој беше единствениот што падна заврши на 11-та позиција, а Андреа Јаноне со своето Сузики 16-ти.

1.Маверик Вињалес – Јамаха
2.Марк Маркез – Репсол Хонда
3.Андреа Довициозо – Дукати
4.Жоан Зарко – Монстер Тех 3
5.Алваро Баутиста – Пул и Беар Аспар
6.Хорхе Лоренцо – Дукати
7.Дани Педроса – Репсол Хонда
8.Валентино Роси – Јамаха
9.Алеиш Еспаргаро – Априлија
10.Данило Петручи – ОКТО Прамак
11.Кал Крачло – ЛЦР Хонда
12.Џек Милер – Марк ВДС
13.Скот Рединг – ОКТО Прамак
14.Јонас Фолгер – Монстер Тех 3
15.Хектор Барбера – Авинтија
16.Андреа Јаноне – Сузуки
17.Тито Рабат – Марк ВДС
18.Лорис Баз – Авинтија
19.Карел Абрахам – Пул и Беар Аспар
20.Алекс Ринс – Сузуки
21.Пол Еспаргаро – Ред Бул КТМ
22.Сем Ловс – Априлија
23.Бредли Смит – Ред Бул КТМ