ВМФЛ – Новаци минимално против Вардар Неготино, Еуромилк поразен од Велазерими


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Од 17-то коло во втората македонска фудбалска лига се одиграа преостанатите четири натпревари.

Новаци на домашен терен запиша минимална победа против Вардар Неготино, 1:0.

Стрелец на победничкиот погодок за Новаци беше Христијан Грозданоски во 41-ва минута.

 

Тиквеш на гости го победи Тетекс, 0:1.

Наумче Бакрачески во 75-та минута му го донесе цел плен на Тиквеш.

 

Велазерими на домашен терен гос совлада Еуромилк, 1:0.

Единствениот погодок на натпреварот беше постигнат во 94-та минута кој беше дело на Куштрим Балажи.

 

Хоризонт Турново славеше против Металург, 2:0.

Един Мерсовски погоди за водство на Турново во второто полувреме, а конечните 2:0 ги постави Даниел Радојчиќ три минути пред крајот на натпреварот.