Ворли освои злато во велеслалом


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Француската скијачка Теса Ворли освои златен медал во велеслалом на СП во Сент Етјен.

Ворли, светската шампионка од 2013 година, победи со време 2:05.55. Тоа е најзин втор златен медал на СП оваа година, бидејќи во вторникот победи во конкуренција на тимови.

Сребрен медал освои Микаела Шифрин со 0.34 секунди заостанување. Шифрин беше најбрза во второто возење, но не беше доволно за златен медал.

Бронзен медал освои Софија Гоџа со 0.74 секунди заостанување.