Во Барселона можат да спијат мирно: Суарез не е сериозно повреден


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона синоќа на гости славеа против Бетис со 4:1 и се зацврстија на првото место во Ла Лига.

Барселона одигра уште една одлична партија, а во прв план повторно беа Лео Меси и Луис Суарез. Меси постигна три чудесни погодоци, додека Суарез еднаш ја затресе мрежата на противничкиот тим.

Уругваецот запиша и фантастична асистенција со пета за Меси и тоа како беше расположен за игра. Меѓутоа, во самиот финиш на мечот мораше да излезе од игра откако се повреди.

Во Барселона се исплашија дека се работи за сериозна повреда и дека Суарез ќе биде изгубен пред мечот од Лигата на шампионите против Манчестер Јунајтед. Но, денес за навивачите на каталонскиот клуб пристигнаа одлични вести.

Суарез утринава направи детални прегледи и заклучено беше дека не е посериозно повреден. Тој надвор од теренот ќе биде 10-15 дена, па ќе ги пропушти само пријателските натпревари за селекцијата на Уругвај.