„Во иднина сакам да освојам големи турнири“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Јапонскиот тенисер Кеи Нишикори изјави дека во 2017-та година има за цел „големи титули“. Тој оваа сезона победи 58 пати, но и понатаму не го проби ледот и нема ниту една титула на Мастерс 1000.

    „Да, тоа што победив во голем број натпревари е добро, но сега мојот пристап е да одам на титули на големите турнири.“

    „Како станувам постар, правам се помалку грешки. Морам да напредувам, малку по малку и да се приближам на најдобрите играчи. Морам да бидам внимателен околу тоа кој поен во натпреварот е важен и да се воздржам кога станува збор за брејк топки.“