Во Македонија има место за Мурињо: Со раширени раце еден македонски клуб испрати понуда до „Специјалниот“ (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Португалецот стана слободен откако заработи отказ во Манчестер Јунајтед.

Македонскиот третолигаш Осогово, го повика португалскиот тренер, Жозе Мурињо да дојде во клубот и му порача дека „нема што да загуби, бидејќи Осогово е веќе шампион“.

„Жозе Мурињо дојди кај нас. Нема што да изгубиш, секако ние сме шампиони, барем ќе го научиш македонскиот јазик“, објави клубот на својот Твитер профил.

Македонскиот клуб полусезоната во третата лига на истотокот заврши на првата позиција.

Понудата од Осогово следеше откако Мурињо во вторникот заработи отказ во Манчестер Јунајтед поради лошите резултати.

На клупата на „Ѓаволите“ го наследи Оле Гунар Солскер, а „Специјалниот“ како оштета доби неверојатни 30 милиони евра.