Во недела на медицински прегледи, познати и деталите: Јувентус успешно заврши уште една ТРАНСФЕР САГА!


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Навивачите на Јувентус можат да воздивнат бидејќи е завршена уште една повеќемесечна трансфер сага и тоа позитивно за нивниот клуб.

Денес сите угледни Островски медиуми пренесоа дека Велшанинот, Арон Ремзи конечно ги договорил сите услови околу договорот со „Старата дама“ и во недела ќе пристигне во Торино за да ги заврши медицинските прегледи.

За потсетување, на овој фудбалер договорот со Арсенал му истекува на крајот на тековната сезона па во Јувентус ќе пристигне како слободен играч и тоа на лето.

Ова не е првпат „Старата дама“ на ваков начин да работи, бидејќи со ист фазон во своите редови ги донесоа играчите како што се Дани Алвес, Патрик Евра, Емре Чан, Пол Погба…

Инаку, Ремзи годишно во Јувентус ќе заработува околу 7,5 милиони евра и ќе биде вториот најплатен играч во клубот. Пред него е само Роналдо, а зад него ќе останат Дибала и Даглас Коста.

Тој дресот на „Топчиите“ го носеше цела деценија, а во тој период запипша 252 настапи во Премиер лигата и постигна 52 погодоци.