Анализа пред 5-то коло во ЛШ: Кој и како може да стигне до 1/8-на финале?


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Пет тимови веќе поминаа во најдобрите 16, а уште 11 имаат шанса таа привилегија да ја обезбедат на натпревар пред крајот на групната фаза.

    Арсенал, ПСЖ, Атлетико, Баерн и Дортмунд. Тие го завршија своето и во последните 2 натпревари ќе се борат за подобра стартна позиција пред нокаут фазаата. Седум од тимовите математички ги изгубија шансите да стигнат до 1/8-финалето, а има и такви кои имаат сеуште шанси.

    Дури 12 тимови би можеле во 5-то коло од групната фаза да изборат пролет во ЛШ.

    Тоа се: Бенфика, Наполи, Бешикташ, Барселона, Манчестер Сити, Монако, Баер Леверкузен, Реал Мадрид, Лестер Сити, Порто, Севиља и Јувентус.

    До 1/8-на финале не можат да стигнат Лудогорец, Базел, ПСВ, Ростов, Клуб Бриж, Динамо Загреб и Легија.

    Група А
    Табела: Арсенал 10, ПСЖ 10, Базел 1, Лудогорец 1

    Арсенал и ПСЖ поминаа, кој победи, тој ќе биде прв во групата. Во првиот натпревар беше 1:1, па на ПСЖ им одговара и реми од 0:0.

    Кој ќе победи во средбата помеѓу Лудогорец и Базел ќе игра во ЛЕ. И во нивниот прв натпревар резултатот беше 1:1.

    Група Б
    Табела: Бенфика 7, Наполи 7, Бешикташ 6, Динамо Киев 1

    На Бенфика и се потребни 3 бодови за во 1/8-финале.

    Ако Бенфика ги освои сите три бодови, тогаш и Наполи може да помине понатаму со победа против Динамо.

    Ако Бешикташ победи, а Наполи не, тогаш Турците ќе одат во 1/8-финале.

    Динамо останува во игра само ако го победи Наполи, а Бешикташ не успее да победи.

    Група Ц
    Табела: Барселона 9, Манчестер Сити 7, Борусија Менхенгладбах 4, Селтик 2

    Барселона оди понатаму со победа или нерешен резултат ако Менхенгладбах не успее да го победи Сити. Барселона ќе го освои првото место ако победи, а Сити не успее.

    Борусија ќе игра ЛЕ ако одигра нерешено, а Селтик изгуби.

    Селтик има мали шанси за 1/8-финале, но ако мисли да остане во игра мора да победи и да се надева дека Сити нема да успее во тоа.

    Група Д
    Табела: Атлетико 12, Баерн 9, Ростов 1, ПСВ 1

    Атлетико и Баерн се пласираа понатаму. Атлетико ќе го освои првото место ако победи, а Баерн не успее во таа намера во Ростов.

    Борба за 3-то место ќе продолжи до последното коло и дуелот помеѓу ПСВ и Ростов во Холандија. Во Русија заврши 2:2 натпреварот, па се зависи од реваншот.

    Група Е
    Табела: Монако 8, Баер Леверкузен 6, Тотенхем 4 и ЦСКА 2

    Монако оди во 1/8-на финале ако одигра реми со Тотенхем. Ако победи Монако, а Баер тоа не го направи во Москва, ќе го освои првото место.

    Баер оди понатаму ако избегне пораз во Москва, а Тотенхем изгуби во Монако.

    ЦСКА мора да победи за да остане во игра.

    Група Ф
    Табела: Борусија Дортмунд 10, Реал Мадрид 8, Спортинг Лисабон 3, Легија Варшава 1

    Борусија веќе помина понатаму, но во случај на победа против Легија, таа ќе го обезбеди првото место, но под услов Реал да не победи во Лисабон.

    Реал оди понатаму ако освои барем бод на гостувањето во Португалија.

    Група Г
    Табела: Лестер Сити 10, Порто 7, Копенхаген 5, Клуб Бриж 0

    На Лестер му е доволен бод, а може и да изгуби доколку Копенхаген не го победи Порто. Може и до првото место ако победи, а Порто не успее во таа намера.

    Порто оди понатаму ако победи во Данска.

    Група Х
    Табела: Севиља 10, Јувентус 8, Олимпик Лион 4, Динамо Загреб 0

    Севиља оди понатаму со реми, а со победа против Јуве ќе го освои првото место на табелата.

    Јувентус оди понатаму со победа или без оглед на резултатот ако Лион не успее да го победи Динамо.

    На Лион му е доволно реми за 3-то место и ЛЕ, а Динамо мора да победи ако сака да игра на пролет во ЛЕ.