Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Михаел Шумахер утре ќе наполни 50 години, а од неговата тешка несреќа на скијање во Франција минаа шест години.
Проверени информации за неговата состојба има малку, па зборовоите на неговата сопруга Корин која ретко јавно истапува, се најмеродавни за тешката ситуација.
„Бидете сигурно дека е во најдобри можни раце и дека правиме се што можеме за да му помогнеме“, порача Корин и додаде:
„Ве молам за разбирање што вака чувствителните теми како здравјето ги држиме во приватност, тоа беше и желба на Михаел. Ви благодатам за пријателството и ви посакувам здравје и среќа во новата 2019. година“.
За потсетување, се’ се случи во 2013. година. Михаел и неговиот син Мик беа на скијање во француски Марибел. Во еден момент Германецот излета од стазата и падна на камен кој го отфрли десеттина метри.
Падна и удри со главата на каменот, а без оглед на тоа што имаше кацига, последиците беа драматични.