Во ПСЖ веќе го знаат првото засилување за јануарскиот преоден рок


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од таборот на ПСЖ ќе сторат се во јануарскиот преоден рок да го донесат бразилскиот фудбалер кој е вистинска сензација, Лукас Пакета.

21 годишниот фудбалер кој доби повик за репрезентацијата на Бразил за претстојните натпревари во неговиот договор со Фламенго има откупна клаузула од 45 милиони фунти.

Играчот од средниот ред со офанзивни карактеристики е посочен како еден од најголемите таленти во Бразил, а за него веќе се распрашале бројни европски гиганти.