Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во сабота, (19 август) на патеката „Климе Савин“ ќе се одржи 31. издание на Охридскиот пливачки маратон, информираат од охридската локална самоуправа.
Овогодинешното издание на маратонот, побуди голем интерес кај натпреварувачите кој доаѓаат од повеќе држави низ светот. Вкупно 22 натпреварувачи во сабота ќе ги одмерат своите сили и тоа 15 натпреварувачи во машка и 7 во женска категорија.
Оваа година како главен организатор е Општина Охрид во соработка со Пливачката федерација на Македонија и Агенцијата за млади и спорт.
Организаторите ги покануваат охриѓани и гостите, да бидат дел од пречекот на маратонците на Градскиот плоштад.