Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона има големи проблеми кога се ближи крајот на 2018. година.
И покрај одличните резултати на сите фронтови и се подобрите игри, Ернесто Валверде најде на вистински хендикеп.
Од четворица стопери, Шпанецот може да смета на двајца, бидејќи по Умтити се повреди и Томас Вермален кого го очекува долга пауза.
Во целта Пике и Ленгл да имаат одговорна алтернатива во секој момент, Барселона тргна во потрага за ново решение на таа позиција, а изборот падна на дефанзивецот на Торино, Данијеле Ругани, тврди Спорт.
Италијанецот одигра дури три натпревари во Серија А и јасно е дека сака поголема минутажа, Челси изминатото лето го бараше до последен момент, но до договор не дојде.
Сега Барселона го сака на позајмица со опција да го откупи неговиот договор на крајот од сезоната.
Ругани нема ништо против, па сега се останува на Јувентус.