Во Торино ШОКИРАНИ: Јувентус го напушти човекот најзаслужен за Роналдо, Пирло, Кедира ….


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Успешниот италијански функционер, Џузепе Марота официјално го напушти Јувентус и е на пат да стане спортски директор на Интер.

Јувентус на Марота, човекот кој влечеше фантастични потези на трансфер пазарот, за привременото раскинување на соработката му исплати 361.775 евра, а по неговиот пат тргна уште еден директор, Алдо Мака.

Марота во Интер го очекува тригодишен договор, со плата од дури 3 милиони евра по сезона и тоа без бонуси, што е веќе договорено.

Искусниот 61-годишен фудбалски работник е еден од најзаслужните за успесите и седумтте титули на Јувентус во низа во Италија, а пристигна во 2010. година токму кога беа поставени темелите.

Влечеше вистински потези со трансферите на Кристијано Роналдо, Миралем Пјаниќ, Пол Дибала, а особено се истакна кај фудбалерите кои пристигнаа без обештета како Пирло, Кедира, Емре Џан, Дали Алвеш и останатите.