Во Тотенхем пристигнува неверојатна понуда за Хари Кејн


    ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


    Напаѓачот на Тотенхем и англиската репрезентација, Хари Кејн наскоро би можел да направи спектакуларен трансфер.

    Според пишувањето на италијанските и британските медиуми, за овој фудбалер официјална понуда наскоро ќе испрати Милан, кој одвои неверојатни 70 милиони евра, колку што и лондонскиот клуб бара за да го пушти да си замине.

    Кејн има договор со Тотенхем до 2020. година и нема сомнеж дека во евентуална продажба, Тотенхем ќе заработи огромни пари, но прашањето е дали Кејн би се согласил да се пресели во Серија А.

    Хари Кејн (23) е дете на Тотенхем, но во кариерата настапуваше за Лејтон, Милвол, Норвич и Лестер, и тоа во секој клуб како позајмен играч.