Во Јане Сандански никој не му може ништо – Вардар си поигра со Веспрем


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Денес се одигра дербито во Сеха лигата во Јане Сандански помеѓу Вардар и Веспрем.

Ракометарите на Вардар го добија овој натпревар со 29:22. Веспрем започна со серија од 2 погодоци на која Вардар возврати со серија од 5 погодоци. Ракометарите на Вардар направија уште една серија, овој пат од 3 погодоци. На полувреме Вардарци заминаа со голема предност од 4 погодоци, 16:12. Веспрем во вториот дел направи серија од 2 погодоци, но повторно ракометарите на Вардар набрзина возвратија со иста мерка и го вратија водството на плус четири. Вардарци направија нова серија од 2 погодоци за зголемување на водството од 6 погодоци, 23:17. Следуваше нова серија од 2 погодоци на домашните ракометари. Во последните 10 минути Вардарци влегоја со предност од 7 погодоци, 25:18. Пред крајните 5 минути од натпревари Вардарци направија нова серија од 2 погодоци, 27:19. До крајот на натпреварот ракометарите на Вардар ја задржаа големата предност и славеа со 29:22.

Игор Карачиќ го предводеше Вардар до убедливата победа со 8 погодоци.Тимур Дибиров додаде 5, а Лука Циндриќ 4 погодоци. Кај Веспрем најмногу се истакна Момир Илиќ со 8 погодоци.