Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Пауло Дибала не е задоволен затоа што го изгуби стартното место во првиот тим поради неговото слабо залагање.
Аргентинецот веќе неколку натпревари е на клупата за резервни фудбалери, а се очекува да биде втора опција и на дерби натпреварот против Рома.
Во Јувентус се бесни затоа што братот на Дибала и негов агент оди низ Европа и преговара со разни клубови, а последно преговарал со челниците на ПСЖ. Наводно, Дибала ќе се пресели на „Паркот на принцовите“ доколку Нејмар навистина ја продолжи кариерата во Реал Мадрид.
Како што стојат работите Дибала е на излезните врати од клубот, а Јувентус за него со сигурност ќе бара над 150 милиони евра обесштетување.