Во 34. година од животот, Монреал го прави трансферот на кариерата…?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Арсенал, Начо Монреал би можел во 34. година од животот да го направи најголемиот трансфер во кариерата.

Искусниот лев бек речиси сигурно ќе го напушти Арсенал на крајот од сезоната. Договорот со „Топчиите“ му истекува и истиот нема да биде продолжен, но нема овој фудбалер многу да се грижи за тоа.

Неговата нова дестинација би требало да биде Барселона. Каталонскиот великан бара играч кој ќе биде достојна замена за Џорди Алба, кој без дилема е првиот избор на позицијата лев бек и се одлучија за Монреал.

Така на 34. години искусниот шпански фудбалер би можел да го направи трансферот на кариерата. Иако веројатно нема премногу да игра, трпеливо ќе ја чека својата шанса, бидејќи повикот од Каталонците не може да се одбие.

Ако на крајот заврши во Барселона, ќе биде тоа враќање на овој фудбалер во Шпанија по шест и пол години, кои ги мина во Арсенал.

Во редовите на лондонскиот клуб пристигна од Малага во 2013. година, а претходно настапуваше за Осасуна, каде и доживеа екпанзија.

Арсенал секако ќе побара замена за Монреал. По неговото заминување на левата бековска позиција ќе остане само Сеад Колашинац, но сосема сигурно и нему ќе му донесат силна конкуренција.

Како замена за Монреал се споменуваат многу имиња, а најголемата желба на екипата од „Емирати“ е левиот бек на Ајакс, Николас Таглиафико.

Начо Монреал во кариерата одигра вкупно 227 натпревари за Арсенал и постигна 10 погодоци.