Враќањето во репрезентацијата траеше само половина час


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалскиот сојуз на Холандија соопшти дека Робин Ван Перси ја напуштил репрезентацијата поради повреда на коленото.

Тоа значи дека враќањето на напаѓачот во дресот на „лалињата“ траеше само половина час.

Најдобриот стрелец во историјата на Холандија по цели две години беше повикан за натпреварите против Франција и Бугарија во рамките на квалификациите за Светското првенство. Ова беше негов прв повик во националниот дрес по речиси две години.

Ван Перси против Франција одигра нешто помалку од 30 минути, но не успеа да го ублажи убедливиот пораз на Холандија од 4:0.