Враќање на голема врата: Роналдо доаѓа во Шпанија и купува клуб од Ла Лига!?


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Легендарниот бразилски фудбалер Роналдо сериозно размислува да се врати во фудбалот, но овојпат се посвети на некоја друга работа.

Еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња одмора од фудбалот, откако ја заврши кариерата пред неколку години, но очигледно размислува да се врати.

Шпанските медиуми пишуваат дека Бразилецот е во преговори за да стане сопственик на шпански Ваљадолид, кој се врати во Ла Лига.

Роналдо пред неколку години беше претседател на американски Форт Лаудердејл, но го продаде клубот во 2016. година.