Враќање на старата адреса: Повторно наследник и повторно на Инзаги, Михајловиќ пак на Апенините….


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Синиша Михајловиќ повторно би можел да добие ангажман во Серија А. Иако по фијаското со лисабонски Спортинг, порача дека е уморен од италијанскиот фудбал и сака да работи надвор од Апенините, медиумите денес го споменуваат како иден тренер на Болоња.

На легендарниот Филипе Инзаги сериозно му се клати клупата во Болоња, бидејќи во 13 кола освои само 11 бодови. Болоња е во опасната зона, под неа се само Киево и Фросиноне, и оттаму ситуацијата е алармантна. Инзаги летово седна на клупата, по одличната сезона во Валенсија, но очигледно не му тргна баш најдобро. Италијанските медиуми наведуваат дека следниот меч со Сампдорија ќе биде клучен за Супер Пипо и дека ќе заработи отказ ако не оствари триумф.

Михајловиќ е првиот кандидат на управата да ја презеде командната палка од Инзаги. Интересно, е што Михајловиќ во Милан дојде непосредно по Инзаги. Помеѓу нив двајца беше и тренерскиот мандат на Кларенс Сидорф.

Инаку, за Михајловиќ тоа би било враќање на стадионот „Ренато Дал’Ара“. Таму ја почна самосојната тренерска кариера по улогата на асистент на Манчини во Интер. Миха ја презеде Болоња есента 2008. година, нанижа пет реми резултати пред првата победа и имаше променливи резултати. Кога Болоња пролетта 2009. година дојде на работ на испаѓање, Михајловиќ заработи отказ и го замени Џузепе Пападопуло кој во последното коло тимот го задржа во Серија А.