Време е за подароци: Бејл се разочара од подарокот на Модриќ (ВИДЕО)


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид се подготвуваат за финалето од Светското клупско првенство против Ал-Аин, но и покрај тоа најдоа време да ги отворат своите новогодишни подароци.

Најсреќен беше Лука Модриќ, кој доби круна од своите соиграчи, поради тоа што неодамна беше прогласен за најдобар фудбалер во светот.

Меѓутоа, големо разочарување се забележа кај Герет Бејл, кој не беше задоволен од подарокот, откако доби топка за американски фудбал.