Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Петра Квитова ја освои титулата во Вухан.
Квитова во финалето беше убедлива против Цибулкова и така стигна до 18-та титула во кариерата.
Во текот на целиот турнир Квитова играше на врвно ниво и до финалето ги победи Остаенко, Свитолина, Кербер, Конта и Цибулкова.
И покрај поразот, Цибулкова е задоволна со играта и успехот на овој турнир, па не и беше тешко да ја задржи насмевката на лицето.
„Им благодарам на сите, пред се сакам да и честитам на Доминика на одличната недела. Се надевам дека ќе се видиме на завршниот турнир. Им честитам на луѓето во нивниот тим. Вухан е мој омилен град и сакам да им се заблагодарам на сите.“, изјави Квитова.