ВТА Доха – Времето повторно ја расипа програмата!


Роналдо - човек рекорд! Франција и Белгија во дербито на денот! ↓↓↓


Времето повторно вмеша прсти и ја расипа програмата, па вчера беа одиграни само уште 4 натпревари, а другите беа откажани.

Возњацки брзо си ја заврши работата против Бертенс, па со 2:0 во сетови, односно 6:2 и 6:3 стигна до победа.

Мугуруза во вториот натпревар кој го играше тој ден не успеа да ја победи Жанг, па беше елиминирана со 2:1.

Путинцева исто така во нејзиниот втор натпревар немаше доволно сила, па го предаде натпреварот на Пуг при резултат 1:1 во сетови и водство од 2:1 на противничката во последниот сет.

Цибулкова се измачи малку против Павличенкова, но на крајот успеа да победи со 2:1 во сетови.