ВТА листа: Без поголеми промени, Кербер не го дава врвот!


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    И на новата ВТА листа, Кербер е светски број еден со 9.080 бодови, односно 2.030 повеќе од Серена Вилијамс, а ниту во првите 10 не се смени ништо во однос на претходната недела.

    Зад Кербер и Серена се наоѓаат Радванска, Халеп, Цибулкова, Плишкова, Мугуруза, Киз, Кузњецова и Конта.

    Петра Квитова напредуваше за 2 позиции по триумфот во Жухаи и сега е на 11-то место. Напредок од 3 позиции има и Башчински која се наоѓа на 15-то место и Веснина на 16-то место.