ВТА Монтереј – Кербер рутински се пласираше во ½-финале!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Анџелика Кербер се пласираше во ½-финале на турнирот во Монтереј.

Таа утрово успеа да ја победи Вотсон со 2:0 во сетови, односно 6:4 и 6:4 за 85 минути игра.

Кербер во двата сетови направи по еден брејк, а тоа и беше доволно да стигне до победа против 125-та тенисерка во светот.

Во борба за финале, Кербер ќе игра против Суарез-Наваро. Вториот ½-финален пар го сочинуваат Гарсија и Павличенкова.