ВТА Пекинг: Големо изненадување од Свитолина


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Украинката, Елина Свитолина го направи најголемото изненадување на турнирот во Пекинг откако во 1/8-на финале ја победи Кебер со 6:3 и 7:5.

    Свитолина во Кина дојде како 20-та на ВТА листата, но против Кербер одигра одлично и се пласираше во ¼-финале каде ќе игра против Гаврилова.

    Во останатите натпревари победија Радванска против Возњачки со 6:3 и 6:1, Конта беше подобра од Плишкова со 6:1, 3:6 и 7:6 додека Гаврилова беше подобра од Гарсија со 6:4 и 6:3.