Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Руската тенисерка Марија Шарапова може да учествува на турнирот во Штутгарт кој започнува истата недела кога завршува нејзината суспензија.
Марија Шарапова е суспендирана до 26-ти април, а турнирот започнува на 24-ти април.
Како поранешна Грен Слем шампионка и победничка на завршниот ВТА турнир, таа има право да бара и добие неограничен број специјални повици.
Во договор со ВТА и правилата за антидопинг програмата, таа може да учествува на турнирот во неделата кога и завршува суспензијата, под услов првиот натпревар да го игра на денот или ден откако ќе добие право да се врати на теренот.
Првото коло во Штутгарт се игра три денови, па така таа има право да ја прифати поканата и да заигра на 26-ти април.