Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Денес на програмата од ВТА турнирот во Сиднеј се одиграа 2 натпревари.
Во првиот натпревар Радванска без поголеми проблеми успеа набрзина да ја победи Стрицова и да се пласира во финалето.
Таа беше подобра од тенисерка од Чешка со 2:0 во сетови, односно 6:1 и 6:2.
Во второто ½-финале Конта во лесен натпревар против Бушар успеа со 2:0, односно 2 пати по 6:2 да стигне до финалето каде што ќе се соочи со Радванска.
Тие досега 2 пати се имаат сретнато, еднаш во Синсинати и еднаш во Пекинг, а во 2-те средби подобра беше Радванска.