Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Американскиот голфер Тајгер Вудс успешно го оперираше грбот и очекува да се врати на теренот за 6 месеци.
На сајтот на Вудс беше потврдено дека тој ќе одмара неколку неделни пред да замине на терапија.
„Операцијата помина добро и верувам дека ќе ги олесни болките во мојот грб. Кога ќе оздравам, се радувам да се вратам на нормалниот живот, да играм со децата, да се натпреварувам во голф. Сакам да им се заблагодарам на сите за прекрасните желби.“
Вудс беше опериран во Тексас, а тоа му беше 4-та операција на грбот.
Тој се врати на теренот во декември, по 15 месеци отсуство. На почетокот на сезоната тој немаше резултати поради нови проблеми со повреди.