Вулверхемптон е пред ангажман на играч на Сити


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вулверхемптон се наоѓа пред реализација на трансферот на Елаквим Мангала, француски стопер, кој треба да претставува прво засилување на клубот, кој се враќа во Премиерлигата.

Мангала во 2014. година стигна во Манчестер сити за 30,5 милиони евра, но на „Етихад“ никогаш не се избори за поважна улога во тимот, иако играше и како стартер.

Бидејќи 27-годишниот фудбалер летово ќе биде слободен играч, Вулверхемптон покажа интерес да ги исполни неговите барања и да го донесе во екипата.

Мангала има зад себеси тежок период бидејќи во пролетниот дел од сезоната, само два пати настапи за екипата.