Вчера го одигра последниот натпревар за Челси, денес „летна“ на преговори со новиот клуб


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Играчот од средниот ред на Челси, Цеск Фабрегас во моментов се наоѓа во Франција каде ги има завршните преговори со тимот на Монако.

„Скај Спортс“ објави дека играчот многу веројатно ќе се приклучи на четата на Тиери Анри и ќе биде од голема помош на Французинот во обезбедување на опстанок во Лига 1 оваа сезона.

31 годишниот фудбалер не добиваше многу шанса од Маурисио Сари во Премиер лигата, а во Монако ќе се пресели како слободен фудбалер откако спогодбено го раскина договорот со „сините“.

Покрај Фабрегас, Челси во овој месец ќе остане и без Гери Кејхил кој ќе направи трансфер во редовите на Фулам. Единствено се чека да биде прекината позајмицата на Тимоти Фосу Менза кој ќе биде вратен во Манчестер Јунајтед со цел да обезбеди место за искусниот англиски дефанзивец кој би пристигнал на „Кревин Котиџ“ како позајмен фудбалер.