Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, ќе биде човекот кој ќе се обиде да го спаси Бари од банкрот, а тоа го потврди градоначалникот на градот.
Во последните неколку недели, Де Лаурентис, е во центар на внимание поради потенцијалните трансфери на Наполи. Се зборуваше дека ќе ги ангажираат Бензема, Ди Марија, Кавани, но газдата кажа дека нема ништо од тоа.
Навивачите на Бари ја имаат последната надеж во Де Лаурентис. Фудбалскиот клуб од тој град е во банкрот бидејќи екипата не може финансиски да го издржи играњето во Серија Б и сите играчи се слободни да заминат.
Според законот, Бари сега може да игра во Серија Д, но ќе мора да користи друго име, а а ако се врати во врвот и се стабилизира финансиски, тогаш ќе може да го врати старото име.